ДОБРЕДОЈДОВТЕ

ПРИВАТЕН ПАРКИНГ
РЕСТОРАНТ
СПА ЦЕНТАР
МЕСТО ЗА ЗАБАВА
ФИТНЕС ЦЕНТАР

     Хотел Парк е модерен и луксузен хотел кој им нуди комфор на сите гости и посетители. Хотелот е на идеална локација во градот, лесно достапен, урбан и на мирно место. На само неколку метри од хотелот се наоѓа пешачка патека и патека за велосипеди покрај реката Брегалница, која дава посебно мирен и релаксирачки дух на околината. Во близина на хотелот има неколку кафичи, а на растојание од околу 1 км се наоѓа трговскиот центар за шопинг и продавници лоцирани во центарот на градот .

     Хотел Парк располага со 17 соби и еден апартман, модерно уредени и дизајнирани. Во секоја соба има  телевизор со интернационални канали, тоалет и бања. За време на престојот во хотел Парк може да се релаксирате во спа центарот кој нуди(парна бања, сауна, џакузи и релакс соба, во фитнес центарот, во лобито на хотелот или на терасата кај ресторанот.

Тимот на Хотел Парк Ви посакува пријатен  и удобен престој!

1300 M2

ПАРКИНГ за 20 возила

ЏАКУЗИ

ВИДЕО НАДЗОР 24ч

СОБИ

17

Хотелот се состои од 17 соби и апартман, со модерен дизајн и декор. Секоја соба е опремена со HD телевизор  и бања.

Имаме три вида соби: стандард, комфорт и премиум. Исто така, секоја соба има бањарка, звучна изолација и клима уред.

ТВ КАНАЛИ

БЕСПЛАТНО WIFI

СПАЛНА СОБА

ТОАЛЕТ

БИРО

КЛИМА

РЕСТОРАН & БАР

Во ресторанот се служи појадок, сервиран на шведска маса.  Во појадокот може да уживате и на терасата од ресторанот која има поглед кон реката Брегалница. Појадок се служи секој ден со почеток од 7 до 10 часот.

После појадокот, ресторанот се користи како сала за состаноци и за семинари. 

Во фоајето на хотелот се наоѓа и бар со  уникатен амбиент,  кој нуди топла и релаксирачка атмосфера во која може да уживате со придружба на пијалак и пријатна музика.

Ако имате прашања за резервација соба, јавете ни се или испратете ни емаил

*Со поднесување на овој формулар, вие се согласувате да ги споделите вашите лични податоци со нас за понатамошна комуникација.

BUY NOW
македонски
gdpr-image
This website uses cookies to improve your experience. By using this website you agree to our Data Protection Policy.
Read more